Бриџ клубот е основан на 19.02.1992 година, а основачи се Гоце Бурзевски, Павле Грујовски, Драган Николиќ и Горан Хаџивасилев.
Редовните сесии се одржуваат секој понеделник и четврток од 19:00 часот , во просториите на клубот , кои се наоѓаат на ул.Владимир Назор 10, улицата спроти главниот влез на Државна болница ( во приземјетео на петтата куќа од десната страна),
Досегашно учество на меѓународни турнири
Европско првенство во Варшава
Светско јуниорско првенство во Гент , Белгија
Балкански првенства во Стара Загора, Бугарија
Адриатик куп на нации во Опатија
Отворено првенство во Пула
Отворено првенство во Будимпешта
Отворено првенство во Софија
Отворено првенство во Врначка Бања
Отворено првенство во Подгорица ( Освоено второ место )